“Размислувам за храната. Со која ѕвезда или земска енергија да се нахранат гладните на Земјата? Со кое вино да се напојат сите жедни, па срцето да им се развесели и да сфатат дека се богови? Второто нешто е – како да се уништи енергијата на злото во која минува човечкиот живот? Таа енергија понекогаш се јавува како епидемија од длабочината на космосот, во овој век тие болести од Земјата се проширија во вселената.
Третото нешто е – постои ли во вселената вишок на светлина? Јас открив ѕвезда што, по сите астрономски и математички закони, може да исчезне, а навидум ништо да не се смени. Таа ѕвезда е во оваа галаксија. Нејзината светлина може да се збие до таква густина што може да се собере во сфера помала од јаболко. Религијата и филозофијата учат дека човекот може да стане Исус, Буда и Заратустра. Тоа по што јас трагам е полудо, поголемо и поневозможно. Тоа е – што да се направи за во вселената секој човек да се роди како Исус, Буда и Заратустра. Знам дека гравитацијата е наклонета кон сè што треба да лета и мојата намера не е да направам летала (авион или ракета), туку на човекот да му ја вратам светлоста за неговите сопствени крила.
Понатаму, се обидувам да ги разбудам енергиите што се наоѓаат во вакумите. Вакумите се најголеми извори на енергија, тоа што се смета за празно само е манифестација на неразбудената материја. Нема празнина на Земјата, ниту во вселената. Во црните дупки, за кои зборуваат астрономите, се наоѓаат најмоќните енергии и извори на живот.”