Нивес ги покажа градите: „Нека видат Македонците дека и ние имаме лубеници“ (ФОТО)

580

Откако овој викенд познатата хрватска старлета Нивес Целзиус беше на прием кај претседателот Стево Пендаровски во вилата на Водно речиси целата македонска јавност започна да се мајтапи.

Таа на социјалните мрежи објави фотографија како стои до Пендаровски, а потоа и видео како ги бакнува гардистите пред вилата на Водно, по што се покрена лавина коментари за нејзиното однесување.

Таа ден претходно објави фотографија од хотелска соба во Скопје истакнувајќи го голиот задник, а ден по средбата со претседателот сподели фотографија без градник на себе со што ги потенцираше брадавиците.

По фотографијата во која го поздрави Скопје, следуваа коментари од нејзините следбеници во кои дел од нив ја пофалија, а дел и ја искритикуваа старлетата и пејачка.

„Нека видат Македонците дека и ние имаме лубеници за трка“, „Никогаш полошо не си била облечена“, „лош избор на облека“, „Оди по северно до мене, на вашар во Тополи сум“, се само дел од коментарите.

Инаку таа во нашата земја изминатиот викенд беше како дел од еден турнир во мал фудбал.