Арапските милијардери кои го преземаа Њукасл најголем дел од задачите за водење на клубот и препуштија на косопственитечката Аманда Стејвли, која денеска на интересен начин конечно стави крај на сагата која веќе трае неколку седмици.
Клубот од „Ст. Џејмс парк“ попладнево го објави името на новиот менаџер, а тоа е добро познатиот Еди Хау кој веќе го гледаше тимот кој ќе го води на гостувањето кај Брајтон.
Хау беше во вип ложата на „Амекс стадионот“ и гледаше како Њукасл ремизира со Брајтон 1:1, но веќе денеска ставил потпис на важечки договор според кој ќе биде тренер на Њукасл до 2024-та година.
Еди Хау е вистинска легенда на Бурнмаут и го водеше овој тим успешно во Премиер лигата, но овојпат ќе има далеку поголеми амбиции, бидејќи проектот на милијардерите од Саудиска Арабија е навистина амбициозен.
– Бевме неверојатно импресионирани од Еди Хау и тој победи преку ригорозниот процес на регрутирање кандидати за нов менаџер. Еди го трансформираше Бурнмаут, тој е страствен и динамичен тренер и има јасни идеи. Тој е погоден за она што планираме да го изградиме во овој клуб. Воодушевени сме што му посакуваме добредојде, – вели Стејвли во официјалната објава на клубот.
Инаку, Еди Хау беше втор избор на Њукасл откако претходно ги одби Унаи Емери, но младиот стручњак исто така е импресиониран од можноста која ја добива во клубот кој има голема традиција во Англија.
– Вистинска чест за мене е што ќе водам клуб со традиција и историја како онаа на Њукасл. Ова е посебен ден за мене и моето семејство. Можноста која ја добив е извонредна, со нетрпение чекам да почнам да работам со играчите, – изјави Еди Хау кој навистина ќе има тешка задача во Њукасл, бидејќи тимот нема забележано ниту една победа по 11 одиграни кола во Премиер лигата.
🤝 𝗛𝗢𝗪𝗘-𝗔𝗬 𝗧𝗛𝗘 𝗟𝗔𝗗𝗦 🤝
We are delighted to confirm the appointment of Eddie Howe as the club’s new head coach.
Welcome to Newcastle United, Eddie! ⚫️⚪️
— Newcastle United FC (@NUFC) November 8, 2021