НОБЕЛОВЕЦОТ МОНТАЊИ: НА КОРОНАВИРУСОТ ИМА РАБОТЕНО ЧОВЕК И ВНАТРЕ ИМА ДЕЛОВИ ОД СИДА

768

Теории на заговор има секакви; луди, опасни, смешни, пресмешни. Но, проблем е кога етикетата „теорија на заговор“ се користи за да се дисквалификува секое мислење кое различно од официјалното, што во суштина е симптом на една когнитивна мрза и интелектуална закоравеност. Лук Монтањи има едно такво мислење за ковидот. Пред да го прогласиме за луд, опасен, смешен и пресмешен, барем нека се знае дека е вирусолог, Нобеловец за медицина и човек кој го има откриено ХИВ вирусот.