Магичната комбинација од мед и цимет го забрзува метаболизмот и помага при губење вишок килограми.
Многумина во исхраната користат мед, кој е познат како здрава и лековита намирница, додека циметот е омилен зачин во многу десерти.
Меѓутоа, се уште недоволно е позната магичната комбинација и нејзиното својство дека го забрзува метаболизмот и помага при губење вишокот килограми.
Најважен елемент во делувањето на диеталната напивка од мед и цимет е времето на примена. Имено, половина се пие пред спиење, кога ќе го забрза метаболизмот, а втората половина наутро на празен стомак кога ќе делува на целиот организам.
Состојки:
2 големи лажици мед
1 лажица цимет
250 мл вода
Начин на подготовка:
Зовријте ја водата, прелијте ја преку циметот, а кога ќе се излади додајте мед и добро измешајте.
Првата половина испијте ја пред спиење, а втората наутро пред оброк.