Норвешкиот милионер тврдеше дека му бараат 10 милиони за неговата киднапирана сопруга: Денес се случи неверојатен пресврт во истрагата

702

Норвешкиот милионер Том Хаген денес е уапсен под сомнение дека ја убил својата сопруга Ане-Елизабет за која се веруваше дека е киднапирана во 2018-та година и задржана поради барање на откуп во криптовалути.

Ана-Елизабет Хаген која тогаш имаше 68 години, исчезна од својот дом во октомври 2018-та година, пренесува британската новинска агенција „Ројтерс“. Полицијата оваа вест во јавноста ја објави во јануари 2019-та година.

Од семејството Хаген соопштија дека добиле барање за исплата на откуп од 10 милиони долари во криптовалута позната како „Монеро“.

Сепак, денес дојде до огромен пресврт во истрагата на норвешката полиција која соопшти дека е уапсен сопругот на Ана-Елизабет, Том Хаген.

После 18 месец истрага, полицијата дошла до точка каде нема причина да не се сомнева дека Том Хаген треба да биде обвинет за убиство или заговор за убиство. Исто така, од норвешката полиција соопштија дека немало никакво киднапирање, ниту пак се воделе преговори со киднапери.

Норвешките медиуми пренесуваат дека 70-годишниот Том Хаген чие богатство се проценува на околу 170 милиони евра, бил уапсен утрово додека одел на работа.