Мистериозни светла се појавиле на небото над Норвешка, па локалното население помислило дека се работи за НЛО.
Се појавиле две портокалови точки, од кои се ширеле светлосни облаци со виолетова и зелена боја.
Необичната глетка всушност била дел од експериментот на проектот “Azure” кој го финансирала НАСА, за да се дознае повеќе за движењето на честичките во јоносферата.
Во рамките на мисијата AZURE успешно се лансирани две ракети кои создале светлосна емисија на небото. Шарените облаци им помагаат на истражувачите да го следат протокот на неутрални и наелектризирани честици во јоносферата на Земјата.
НАСА истакнала дека истражувањето кое го спроведува не “претставува опасност за локалното население”.
НАСА планира уште седум лансирања на ракети во Норвешка во наредните 2 години.