Манекенката, водителка и сопруга на најпосакуваниот маж на светот, Џон Леџенд, Криси Тиген (34), ги изнервира следачите со објава на социјалните мрежи, бидејќи повторно одлучила да се фотографира без долна облека.
Криси објавила фотографија на која ја шминка ќерка си, а ѝ се налутиле поради тоа што под сакото на фотографијата нема долна облека и прилично ѝ “виснале“ градите, како и колковите ѝ биле разголени.
„Мојот стилист“, напишала Криси во коментар, бидејќи ќерка ѝ ѝ ја местела јаката, а со оглед на тоа дека не ѝ е првпат да се појави разголена на Инстаграм, еден следач многу се изнервирал.
„Дали некогаш носиш долна облека“, гласел коментарот.
Да потсетиме, Џон Леџент по избор на магазинот „People“ е прогласен за најсексапилен маж на планетата, а оваа ласкава титула неговата сопруга тоа ја искоментирала со следнава реченица:
„Мојата тајна е откриена – отсекогаш сакав да го одведам во кревет најпосакуваниот маж на светот! И го одведов!“
Таа и Џон имаат две деца и во среќен брак се од 2013-та година.