Нострадамус го предвидел пожарот во Нотр Дам, а ова нè чека во 2020-та година: Моќниот лидер ќе падне, а соседството ќе гори…

667

Францускиот пророк Нострадамус е автор на една од најпознатите книги за пророштвата некогаш.

Иако стиховите кои ги оставил зад себе за многумина се неразбирливи, се смета дека во своите пророштва успеал да предвиди некои од клучните моменти во историјата, како доаѓањето на Хитлер на власт во Германија или терористичкиот напад на 11-ти септември 2001-та година.

Луѓето кои денес ги проучуваат неговите записи го пронашле и неговото предвидување на пожарот во Норт Дам.

Нострадамус во своите стихови навел дека емоционално најмногу ќе биде погодена Франција, но и Италија.

Астрологот Џесика Адамс ги цитирала стиховите во кои Нострадамус, според неговото верување го предвидел пожарот во Нотр Дам.

„Главата на Овенот, Јупитер и Сатурн, Вечни Богу, кои промени ќе се случуваат? По многу време злото ќе се врати, Франција и Италија, кои емоции ќе ги доживеете?“

Во емоциите кои Нострадамус ги спомнува во своите стихови многумина пронашле врска со изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон кој во обраќањето во јавноста кажал дека Нотр Дам е “наша заедничка историја“, а неговата порака беше дека тешко му е да гледа како нивната историја гори, а тоа допрело до многу Французи и католици.

Сепак, предвидувањето од кое многумина стравуваат е Третата светска војна која би требало да трае 30 години иако не се знае нејзиниот почеток.

Еве што пророкот предвидел за 2020-та година:

Доналд Трамп повторно ќе биде избран за претседател, но ќе се најде во опасност. Америка ќе ја погодат силни земјотреси, особено Калифорнија во текот на јуни и јули.

Европа не е ништо посигурна за земјотресите иако не навел кога точно ќе се случи тоа, но наводно ќе бидат помеѓу 7 и 7.5 степени по Рихтеровата скала и тоа во Турција.

Глобалната економија повторно ќе биде во криза. Нострадамус ја предвидел и кризата во 2008-та година, а истата работа ја предвидува и за 2020-та година. Предизвикувач на економската криза ќе биде Велика Британија поради Брегзит.

Нострадамус дури предвидел дека Велика Британија би можела да се распадне. Нострадамус исто така предвидел дека “монархот кој најдолго владее ќе почине“.

Освен големите земјотреси, многу земји ќе бидат погодени од страшни пожари. Тука се спомнуваат Хрватска, Грцја, Португалија, Шпанија, Холандија, Германија и Франција.

За Америка предвидени се силни невремиња и торнада.

Тој предвидел и дека ќе има топење на ледницие, а последиците би можеле да бидат страшни – нови војни, недостаток на ресурси, намалување на вода за пиење.

Големата војна помеѓу двете сили ќе заврши, како што вели тој, а тоа можеби се односите меѓу САД и Кина.