Нов ден и ново засилување за МЗТ Скопје Аеродром.
Македонскиот шампион доведе ново интернационално име. Станува збор за 27-годишниот амерички центар Еван Максвел. Пред пристигнувањето во Скопје, Максвел има настапувано во Украина, Велика Британија и Словачка. Минатата сезона русокосиот центар ја мина во украински Запорожје каде просечно постигнуваше по 11 поени и 7 скокови. Според аналитичарите негови силни страни се атлетицизмот, цврстината, солидниот шут од далечина и солидната одбрана. Максвел претставува четвртиот странец во редовите на “штрковите”.
Во досегашниот тек на преодниот рок во Аеродром веќе пристигнаа србинот Страхиња Мичович, америчкиот плејмејкер Мајк Кофи а од ланските “странци” остана Бре Ајви. “Металците” имаат договор и со четворицата македонски репрезентативци: Дамјан Стојановски, Адем Мекич, Бојан Крстевски и Дамјан Робев. Тренерот Александар Петрович. на располагање ќе ги има и тројцата младинци кои тренираа со првиот тим и ланската сезона. Тоа се: Димитар Иванов, Марко Спасовски и Бојан Величковски.
Со оглед на ангажманот на управата до сега, не очекуваат уште многу пријатни изненадувања пред почетокот на следната сезона како и долго очекуваното враќање во “јадранската” АБА лига.
Димитар Младеновски