НОВ БАЛКАНСКИ РЕКОРД: Ѓорчепетровец направи 2.604 склека за еден час! (ВИДЕО)

553

Давид Ѓоргоќески од скопската населба Ѓорче Петров постави нов балкански рекорд во правење склекови за еден час. Младиот 17-годишник успеа да направи дури 2.604 склекови.

Ѓоргоќески тренира бокс и во иднина планира да го нападне и Гинисовиот светски рекорд во правење склекови за еден час, што изнесува 2.919 склекови.