Нов црн рекорд во Србија – 6.109 заразени и 29 умрени за 24 часа

573

Според официјалните податоци, во последните 24 часа во Србија 29 лица починале како резултат на коронавирусот, така што вкупниот број на жртви се зголеми на 1.110 лица, соопшти Министерството за здравство на веб-страницата covid19.rs.

Од последниот пресек на ситуацијата во Србија, 18.980 лица биле тестирани на коронавирус и регистрирани се 6.109 нови случаи на инфекција.

На респиратори се наоѓаат 186 пациенти.Вкупно хоспитализирани се 5.589 лица.

Од почетокот на епидемијата, во Србија официјално се потврдени 104.097 случаи на инфекција.

Стапката на смртност е 1,07 проценти.

До 15 часот на 19 ноември, во Србија биле тестирани вкупно 1.573.980 лица кои ги исполнувале критериумите за дефинирање на случајот.

Нов состанок на Кризниот штаб е закажан за утре во 9 часот.

Присуството на коронавирус во институциите за социјална заштита и домовите за возрасни и стари лица е потврдено кај 431 корисник и 294 вработени, објави Министерството за труд, вработување, работи за борци и социјални работи.