Нов државен оглас: Царинска управа ќе има 119 нови вработувања, плата до 37.538

626

Царинската управа бара вработени на определено време за повеќе позиции, а нивното образложение е дека постои зголемен обем на работа. Од советник за односи со јавност, оператор за кореспонденција и административно технички и организациски работи во кабинет на директорот, па се до инспектор за финансиски истраги, цариници и наплатувачи на гранични премини за царинарниците Гевгелија, Битола, Куманово…

Платите се движат од 17.843 денари, па се до 37.538 денари

Се на се вкупно 119 нови вработени во период кога актуелна е темата за решавање на администрација и кога владата предводена од СДСМ постојано повторува дека администрацијата е пренатрупана и потребна е нејзина реформа.

Самиот премиер Зоран Заев уште пред парламентарните избори најави дека доколку добијат нов мандат ќе следи ослободување на 20 отсто од администрацијата.

Отстранување на бирократизацијата која што ја имаме во државата, со сите мерки на „checks and balances“ и во правосудниот систем, ослободување на 20 отсто од администрацијата и нејзино пренасочување во приватниот сектор – изјави Заев во јуни 2020 година.