Нов пресврт во случајот со осомничениот за исчезнувањето на Меделин МекКен: Го поврзуваат со исчезнувањето на уште едно девојче, откриени пораките кои ги пишувал

636

Германските обвинители повторно отвораат истрага за нерешеното исчезнување на 5-годишното девојче Инге Гехрицке во шума во Германија во 2015-та година. Во врска со нејзиното исчезнување се истражува 43-годишен Германец, осомничен и за исчезнувањето на Меделин МекКен. Истрагата за исчезнувањето на Инге Гехрицке се отвора откако биле откриени страшни пораки кои осомничениот ги праќал на свој пријател.

Главниот осомничен за исчезнувањето на Меди, 43-годишниот Германец, германските власти го доведуваат во врска со исчезнувањето на уште едно девојче, 5-годишната Инге Гехрицке, која во Германија исчезнала во 2015-та година, осум години откако се изгубила секаква трага од Меди МекКен, пишува “Daily mail”.

Гехрицке исчезнала на околу 50 километри од Берлин во текот на семеен излет, а нејзиното исчезнување во 2015-та година било пријавено на 77 километри од Нојењегерслебен, место каде тогаш осомничениот имал куќа.

Обвинителите во Стендал потврдиле дека е отворена прелиминарна истрага која ќе покаже дали е тој вмешан во исчезнувањето на 5-годишната Инге во Германија.

Во документите до кои дошол германски “Spiegel” стои дека осомничениот 43-годишник во разговор на интернет во 2013-та година напишал дека мечтае за киднапирање и сексуално злоставување на дете. Наводно во пораката до еден познаник напишал “дека сака да фати и со денови да користи нешто мало”, по што најдобро “ќе биде да ги уништи доказите”.

Германецот кој е осомничен дека ја киднапирал и убил Меди МекКен е осуден и поради препродажба на дрога, а додека ја отслужувал таа казна бил осуден и за силување на 72-годишна жена.

Правните експерти велат дека во недела би можел да биде ослободен од затвор. Имено, тој бил уапсен во Милано на основа на европски налог поради силување на 72-годишната Американка.

Додеа веќе бил во затвор поради дрога, минатата година бил осуден на казна затвор поради тоа злосторство, на што се жалел, тврдејќи дека неговата екстрадиција од Италија во Германија била незаконита.

Германските правни експерти велат дека тоа значи дека е на работ да добие условна слобода бидејќи отслужил две третини од казната за препродавање на дрога и на слобода би можел да биде најрано до недела.