Израелската армија соопшти дека ги употребиле системите за против-ракетна одбрана за пресретнување на ракета која што била лансирана од Сирија.
Израелската армија не соопшти дали целта била погодена, но од таму нагласија дека засега нема информации за повредени во инцидентот, како ниту дека е причинета материјална штета.
Претходно, сириската државна телевизија соопшти дека против-воздушната одбрана на Сирија го одбила нападот на неколку ракети на небото над провинцијата Дамаск, во непосредна близина на самиот главен град на Сирија.
Syrian News Agency says the “Aggression on #Syria” continues “from the Lebanese airspace” and air defenses are responding. pic.twitter.com/i6W7XjkNOA
— Zaid Benjamin (@zaidbenjamin) December 25, 2018
Сириската државна телевизија потврди дека биле одбиени неколку ракети над западните приоди на главниот град Дамаск, но не е наведено конкретно во кои населби се случило тоа и кој го извел нападот на сириската престолнина.