Нов сој во САД: Напаѓа и вакцинириани лица од Ковид 19

647
Американскиот Центар за за превенција и контрола на болести (ЦДЦ) соопшти дека во старски дом во Кентаки во март заразени се 44 лица со Ковид-19, од кои поголемиот број биле вакцинирани.

Тие се заразени откако еден невакциниран вработен бил инфициран со нов сој на Ковид-19.

Меѓу заразените 24 се стари лица и 20 негуватели. Од вкупниот број заразени 18 се стари лица и четири вработени во старскиот дом примиле две дози од вакцината Фајзер против Ковид-19.

Во студијата на ЦДЦ се наведува дека само една третина од вакцинираните имале симптоми, наспроти 83 проценти кај невакцинираните. Само еден од 18. вакцинирани починал, додека од шестте заразените невакцинирани починале двајца.

– За да се заштитат луѓето во старските домови клучно е негователките и штитениците да бидат вакцинирани. Вакцинацијата мора да биде пропратена со превенција на инфекцијата и контрола, како миење на раце, следење на случаите, изолација на заразенитре лица и нивните контакти, потенцираат авторите на студијата.