Новогодишната шопинг треска не запира тука. Во последно време тренд е семејното фотографирање. Фото сесија чини и над 1.000, во зависност од имиџот на студиото.
„Ние нудиме различни пакети – освен фотографии, изработуваме и честитки и календари со семејниот или со портретот на најмалите… Цените варираат, од 300 денари за наједноставниот портрет, па и над 1.000 за пакетот кој вклучува сет календари, сет честитки. По желба можеме да изработиме и маици и блузи со вашата фотографија“ објаснуваат во едно скопско фото студио.
Празникот толку се комерцијализирал што денес кај нас имате можност да го изнајмите Дедо Мраз не час или повеќе. Дедовците со бели бради се рекламираат и на интернет огласниците – бараат од 1000 до 1300 денари за час
-И минатата, но и оваа година ќе правиме семејна фотосесија. Домот ни е нов и ни е убаво новогодишно украсен. Се договорив со познат фотограф кој ке дојде дома и ќе не слика. Не гледам ништо лошо во тоа. И децата се радуваат, па се радуваме со нив и ние возрасните, раскажува Христијан од Илинден.
-Неколку години по ред дома викаме да ни дојде Дедо Мраз. Децата се пресреќни. Тој им носи играчки и пакетчиња. Нема нешто поубаво од тоа кога ќе видиш своите дец среќни, возбудени и изненадени, раскажува Марина од Маџари.
-Нашите деца кога беа мали немаше такви работи. Дедо Мраз имаше само ако ги однесевме на работа, и ако таму имаше некоја организација или пак во градинка и училиште. Денеска се други времиња. Гледам сега по моите внуци, вели Станка.