Нов Зеланд повеќе не е таму каде што бил: Островот мистериозно се поместува, никој не знае зошто

980

Северниот и Јужниот остров на Нов Зеланд се приближуваат по низа потреси во 2016-та година, по кои се кренало и морското дно, објавиле новозеландските геолози.

Резултат од земјотресот со магнитуда 7,8 според Рихтер е кревањето на морското дно за околу 6,5 метри, така што брановите стигнале блиску до Каикура на Јужниот остров, откривајќи карпи покриени со морска трева и ситни живи суштества од морското дно.

Меѓутоа, островите продолжиле да се приближуваат, рекла Сигрун Хреинсдотир од геолошкиот институт на Нов Зеланд.