Нова аудиснимка: Кичеец разговара со бизнисменот Дака, се спомнуваат Рашковски и Заев

842

На Јутјуб каналот „Раце лепливи“ попладнево се појави нова аудиоснимка во која  наводно се слуша гласот на Зоран Милески и Миодраг Давидовиќ Дака, српски бизнисмен. Во аудио материјалот кој трае околу 12 минути двајцата, Дака и Милески ги споменуваат имињата на генералниот секретар на владата Драги Рашковски, а се слуша и името на претседателот на СДСМ Зоран Заев.

Во разговорот се споменуваат дадени пари на Милески, се споменува референдумот и неостварени ветувања за бизниси поврзани со хидроцентрали и ветерници во Тетово и Штип.

„Јас бев кај него (Зоран Заев),ми вика знаеш за Дака, доаѓа цело време тука, се сум организирал…Со Рашкоски дали го држиш под контрола. И јас сум реков да! И тој ми рече добро ти го работиш ова, јас го правам ова за тебе“, вели  Милески го потсетува Дака дека му дал ветување на генералниот секретар на Владата и близок соработник на Заев, Рашкоски дека е тука, ако треба да заврши работа за референдумот за името.

Очигледно Давидовиќ Дака е незадоволен бидејќи се чувствува изигран за парите кои ги дал од Зоран Заев и Рашкоски бидејќи не го добил тоа што сака иако платил пари.

Ги знам тие ваши трикови, Јас вас ви дадов 300 илјади евра и 2000 квадрати работата не е завршена, што сакате уште. Јас тебе (мисли на Кичеец) те исплатив и со тебе немам ништо. На што Милески одговара дека има работа сега со Рашкоски“, вели Дака.