Нова експлозија и пожар во Бејрут

614

Црн чад се гледа над градот. Само еден месец по стравичната експлозија во која загинаа повеќе од 200 лица во Бејрут повторно во близина на пристаништето избувнал голем пожар.

Според соопштението од либанската армија, гори склад во кој се наоѓаат гуми и нафта. Причините за пожарот засега не се познати. Нема информација и за евентуалните повредени или загинати.