Нова менаџерска жртва во Премиер: Емери доби отказ од Арсенал!

726

Продолжуваат менаџерските смени во Премиер лигата оваа сезона, а по Тотенхем уште еден тим од северен Лондон ќе добие нов предводник.

Унаи Емари од утрово и официјално не е повеќе менаџер на Арсенал, откако раководството на клубот одлучи да му врати отказно решение, поради лошите игри и очајните резултати на екипата во последниот период.

Шпанскиот стратег во редовите на „топџиите“ пристигна пред 18 месеци, како замена за легендарниот Арсен Венгер, но не само што не успеа да ги врати славните денови на овој клуб, туку во втурна во уште поголема криза и го оддалечи од врвот на англискиот и европскиот фудбал.

Под негово водство Арсенал запиша 43 победи, 16 реми средби и 19 порази, а со синоќешниот неуспех против Ајнтрахт Франкфурт израмни негативен рекорд стар 27 години – седум натпревари без победа во сите конкуренции.