Новата портпаролка на американскиот претседател Доналд Трамп, Кејли МекЕнејни, на својата прва прес конференција вчера ветила дека секогаш ќе ја кажува вистината во јавност.
“Нема никогаш да ве лажам. Можете да ми верувате на зборот”, рекла МекЕнејни во Белата куќа.
Моменталната американска влада има посебно тензичен однос со медиумите. Washington Post пресметал дека Трамп изнел 18.000 “лажни тврдења” како претседател.
Конференцијата на МекЕнејни била прво обраќање на шефицата за односи со јавноста од првата половина на 2019-та година.
Минатата портпаролка Стефани Гришам никогаш немала таква конференција.
МекЕнени најавила дека нема да има секојдневни обраќања до медиумите, но дека официјалните средби со новинарите ќе бидат регуларен дел од нејзиниот распоред.
Прес-конференцијата во петокот ја одржала откако Трамп престанал секојдневно да ја известува јавноста за пандемијата на коронавирусот.
Некои извештаи велат дека интерното истражување на Белата куќа покажало дека таквите обраќања, некогаш долги и по два часа, му штетат на популарноста на претседателот.