Новата “суперземја” е “планета од рубини”

812

Астрономите откриле планета која има сјај на рубни и сафири. Егзопланетата наречена “HD 219134” е 21 светлосна година оддалечена од Сончевиот систем и се наоѓа во соѕвездието Касиопеј.

“Планетата од рубини” е светликава планета, чија маса е пет пати поголема од таа на земјата, а околу матичната ѕвезда кружи толку брзо што ја заобиколува за само три земјени денови.

Нејзиното светкање во црвена и сина боја го предизвикуваат оксидите од алуминиум, кои ги има многу на таа планета.

Астрофизичарите од универзитетот во Цирих и Кембриџ работат на истражување во чии рамки трагаат по сосема нов вид на егзопланети, а “HD 219134” е еден од трите најдобри кандидати.

Егзопланетите настануваат од прашината и гасовите околу протоѕвездите. Подалеку од центарот на тие системи настануваат гасни џинови, додека во близина на ѕвездите настануваат карпести планети.

Астрофизичарите наведуваат дека гасните планети не може да имаат магнетно поле и дека станува збор за небесни тела кои се целосно нов тип на “суперземји” со егзотичен состав, пренесуваат научните портали.