Нови 125 позитивни на Ковид-19, 89 од Скопје!

619

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1019 тестирања.

Во последното деноноќие се регистрирани нови 125 случаи на Ковид-19, а починале 7 лица. 

– Скопје 89
– Куманово 4
– Штип 2
– Прилеп 2
– Тетово 11
– Струга 3
– Велес 1
– Охрид 8
– Гостивар 1
– Струмица 2
– Кичево 1
– Ресен 1

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје (79) на клиниката од 19 мај, пациентка од Струга (66) хоспитализирана на 8 јуни, пациентка од Скопје (54) примена на 5 јуни и уште една пациентка од Тетово (46) која починала при прием во амбулантата.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје (77) примена на 8 јуни и пациентка од Струга (73) примена на 7 јуни. Во болницата во Штип почина пациент на возраст од 87 години, хоспитализиран на 26 мај.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 6 оздравени пациенти.

– Скопје 1
– Прилеп 1
– Велес 4

Досега во земјата се направени вкупно 39.033 тестирања на Ковид-19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 19 теста се во рамките на скринингот во градинки во Скопје, нема позитивни резултати на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3.364, бројката на оздравени пациенти е 1.664, на починати е 164, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.536.