Нови 447 случаи на коронавирус, 30 починати

844

Во изминатите 24 часа се регистрирани 447 нови случаи на коронавирус во Македонија, а 30 луѓе починаа. Направени биле 3.034 тестирања.

Најмногу нови случаи 191 се регистрирани во Скопје, а потоа следуваат Куманово со 36, Прилеп 26, Струмица 21, Битола 19, Велес 18, Тетово 17, Гостивар 16, Кочани 15, Неготино 11, Охрид 10, Кичево и Радовиш по 7, Кавадарци 6, Штип, Берово и Виница по 5, Гевгелија, Свети Николе и Валандово по 4, Богданци и Крушево по 3, Струга, Крива Паланка и Демир Хисар по 2, Ресен, Делчево, Дебар, Пробиштип, Демир Капија, Македонски Брод, Пехчево и Македонска Каменица по еден нов случај.

Починатите се на возраст од 56 до 92 години.

Регистрирани се 620 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 151.569, бројката на оздравени пациенти е 131.530, на починати е 4.772, а бројот на активни случаи изнесува 15.267.