Нови 72 случаи на Ковид-19 во земјава, пациент од струшко Лабуништа почина на инфективно, тројца излекувани

728

Во период од 24 часа регистрирани се 72 нови случаи на коронавирус во земјава, информираат од министерството за здравство.

По градови: Скопје – 14, Куманово -21, Штип – 1, Прилеп – 9, Тетово-12, Струга- 1, Велес – 1, Битола – 2, Гостивар – 1, Радовиш – 1, Крушево – 2, Кочани – 7.

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 до денес во нашава земја изнесува 555 лица. Според местото на живеење, досега случаи на Ковид-19 се регистрирани во:

Скопје – 235
Куманово -114
Дебар – 49
Штип-19
Прилеп –33
Тетово – 29
Струга – 24
Велес – 10
Битола – 6
Охрид – 3
Кавадарци –2
Гостивар – 4
Гевглелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка- 2
Радовиш -3
Крушево – 2
Кочани – 14

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, неколку часа по приемот во болница, почина маж од Лабуништа (Струга) на 63-годишна возраст донесен на клиниката со тешка клиничка слика.