Легендарниот кошаркар Коби Брајант настрада во хеликоптерска несреќа која се случи во близна на Лос Анџелес.
Брајант како да тргнал во смрт. Поради лошите временски услови локалната полиција ги приземјила сите свои хеликоптери, додека Коби на сопствена одговорност одлучил да патува.
На крајот епилогот е огромна трагедија. Со Коби настрада и неговата 13 годишна ќерка, како и уште седум лица.
Веднаш започна и истрагата за причините за несреќата. Портпаролот на полицијата во Лос Анџелес, Џош Рубенстеин изјави дека поради голема магла и слаба видливост полицијата не летала во тие моменти.
„Временските услови беа во скалд со минималните стандарди за летање. Имаше толку многу магла поради што ние не летавме“, изјави Рубенстеин.
Минималната видливост за летање според правилата треба да биде 3.2 километри.
Според информациите, хеликоптерот првпат „заглавил“ над зоолошката градина во ЛА, кога кружел повеќе од 15-на минути и најмалку шестпати летал на ниска височина поради непрегледноста од маглата причинета и од големата влажност, а сето тоа веројатно чекајќи да се тргне маглата и да продолжат кон дестинацијата.
Околу 9.30 часот по пацифичко време, пилотот имал комуникација со аеродромот Бурбанк, кои знаеле дека 15 минути хеликоптерот со Брајант кружи во тоа подрачје, а потоа пилотот тргнал на север кога завртел кон запад и почнал да се искачува над автопатот 101 кај Вудланд Хилс.
Десетина минути пододцна, кога се соочиле со уште поголема магла, „ТМЗ“ посоува дека е направена клучната грешка на пилотот. Тој го свртел курсот кон југ, а всушност тргнал кон планинско подрачје во непрегледна средина. И одеднаш почнал да ја крева висината од 1.200 стапки на 2.000 стапки, но само пет минути подоцна веќе навлегол во планинскиот предел на висина од 1.700 стапки со брзина од 298 километри на час (161 јазли) и потоа се урнал.