Нови детали за превртениот македонски автобус во Србија: 26 лица се повредени, повеќето од Радовиш

1007

Во несреќата која што изутринава се случи во Србија, кога се превртел македонски автобус кој превезувал патници на Копаоник, се повредени 26 лица, од кои 18 се згрижени во болницата во Блаце.

8 патници се згрижени во болницата во Прокупље, информира Министерството за надворешни работи.

Според неофицијална информација од Болницата во Блаце, Србија, патниците биле претежно од Радовиш.

Од МВР велат дека македонската Амбасада во Белград е во постојана комуникација со надлежните органи.

Увидот на местото на несреќата сѐ уште е во тек и засега не се соопштуваат повеќе информации во врска со причините за несреќата.

Како што претходно информиравме, автобусот се превртел на делница којашто не е асфалтирана и на којашто се извршуваат градежни активности.