По Езѓан Алиоски и Стефан Спировски, уште еден важен македонски репрезентативец доживеа потешка повреда поради која предвреме ја заврши сезоната.
Станува збор за Иван Тричковски чиј клуб АЕК Ларнака денеска соопшти дека скршил ребро на тренинг и ќе отсуствува во следните шест недели. Тоа значи дека тој најверојатно нема да биде подготвен за настап на исклучително важните квалификациски дуели за пласман на Европското првенство во 2020 година, против Полска на 7 и Австрија на 10 јуни во Скопје.
Селекторот Игор Ангеловски ќе има тешка задача да најде замена и за него, но и за останатите фудбалери кои нема да му бидат на располагање.