Нови случаи на Ковид-19 во Неготино, се повеќе инфицирани не знаат како се заразиле

579

Во Неготино денес се регистрирани три нови случаи на Ковид-19. Лицата се со лесна клиничка слика и остануваат на домашно лекување.

Според Центар за јавно здравје Кавадарци, двајца од новорегистрираните пациенти веќе имале контакт со позитивно лице, додека еден од нив не знаел од каде се инфицирал.
И вчера во општината беа регистрирани два случаи на корона вирус, кај маж од Пепелиште и 20-годишна девојка од околината на Росоман. И тие не навеле податок дека имале контакт со позитивно лице, односно не знаеле како се заразиле.

-Овие пациенти се тестирале бидејќи имале одредени симптоми на вирусот, во меѓувреме додека се добиени позитивните резултати, тие се веќе со подобра клиничка слика и остануваат на домашно лекување – потврдија од центарот.

Од почетокот на пандемијата во Неготино се инфицираа 43 лица, а активни се 15 случаи. Едно лице, хоспитализирано поради претрпен мозочен удар на скопските клиники, исто така позитивно на вирусот, почина пред два месеци.

Во Кавадарци пак денес се регистрирани два нови случаи на Ковид-19. Еден пациент имал контакт со веќе позитивно лице, додека еден не знаел од каде се заразил.
Новите пациенти во Тиквешијата се на возраст од 41 до 73 години.