Новиот филм на Кевин Спејси заработи само 126 долари

1025

Според првите реакции, филмот не успеа да привлече публика, па за време на викендот кога за прв пат се прикажуваше ова остварување заработи 126 долари. Да, добро прочитавте, не 126.000 туку 126 долари.

Кевин Спејси е обвинет за сексуално насилство, за кое беше осуден од повеќе глумци после што се чинеше дека неговата кариера е готова, но тој се врати со нов филм кој овој викенд се прикажуваше во американските кино сали. Меѓутоа, филмот го доживеа својот дебакл.

“Billionaire Boys Club” е филм кој беше снимен пред да избувне скандалот со Спејси.

“Се надеваме дека обвиненијата за однесувањето на еден од глумците, кои не беа познати во периодот додека се снимаше филмот, нема да му пречи на филмот. Меѓутоа, одлуката да се објави филмот не беше лесна”, изјави дистрибутерот.

“Billionaire Boys Club” е снимен според вистинска приказна за група на млади кои во 80 години од минатиот век основале клуб со кој за брзо време ќе се збогатат со помош на проневери.

Спејси ја игра улогата на Рон Левин, хомосексуалец кој ќе биде убиен откако ќе ја изневери групата и луѓето. Неговото тело не е пронајдено, па некои ќе сметаат дека тој сè уште е жив.

Улогата на Спејси во филмот “All The Money In The World” е укината, како и во ТВ серијата “House of Cards” поради обвиненијата за сексуално злоставување.

Неговиот колега Ентони Реп го обвини дека сексуално го вознемирувал кога имал само 14 години. Наводно Спејси го повикал Реп на забава во неговиот стан во Менхетен и потоа останале двајцата сами.