Новиот мутиран вирус на Ковид-19 се шири насекаде во светот, а веќе е пристигнат и во нашето соседство. Први шест случаи на мутираниот коронавирус се откриени во Грција кај луѓе кои неодамна пристигнале од Велика Британија, пренесоа грчките медиуми.
Како што пишува „Катимерини“, петмина од нив се грчки државјани, а еден е Британец. Сите пристигнале викендов од Велика Британија и веќе се во карантин.
За новата мутација на вирусот, откриена во Велика Британија, која се прошири речиси низ целиот свет, се смета дека е многу позаразна од претходните.