Новиот „Сантијаго Бернабеу“ е архитектонско мајсторство, еве како ќе функционира (ВИДЕО)

894

Реал Мадрид објави видео преку кое ја прикажа функционалноста на новиот „Сантијаго Бернабеу“.

Стадионот на Реал Мадрид не е доработен и се очекува проектот да се заврши за една година. Клубот за новиот дизајн потроши 700 милиони евра и доби „рудник за злато“ од кој се очекуваат големи приходи во иднина.

Најмногу импресионира системот кој ја претвора тревата во терени за тенис и кошарка. Мадридскиот клуб се надева дека во иднина ќе биде домаќин на НБА и НФЛ натпревари и со тоа ќе може да ги извади максимумот од оваа голема инвестиција.

Тревата може да биде „скриена“ во систем на најсовремени послужавници што овозможуваат заштита на полето за играње на фудбалските натпревари. На нејзино место се поставува вештачка трева на која може да се организираат други спортови, саеми, конгреси, концерти…

Фудбалерите на Реал Мадрид се вратија на својот стадион, а за време на реконструкцијата играа на помошниот терен „Алфреди ди Стефано“.