Ламбда сојот на коронавирусот не е само позаразен туку и поотпорен на антителата, се тврди во новата јапонска студија.
Со други зборови, вакцините послабо штитат од тој вид на коронавирусот. Иако првата зараза со ламбда сојот од коронавирусот била регистрирана во Перу уште пред една година, и натаму многу малку се знае за таа мутација, пренесува „DW“.
Поради тоа важна е најновата студија од Јапонија според која спајк-протеинот на ламбда сојот во себе носи три мутации кои посебно се загрижувачки. Една мутација како последица го има тоа што антителата многу послабо можат да го неутрализираат вирусот, односно намалена е имуноста од вакцините и оние кои прележале коронавирус, значи вакцината послабо штити од заразата.
Другите две мутации поттикнуваат луѓето полесно да се заразат со ламбда сојот на коронавирусот, се тврди во студијата од Јапонија чии резултати сè уште треба да ги потврдат независните научници.
Резултатите од студијата можат да објаснат зошто тој сој на коронавирусот толку брзо се шири.
Досега ламбда сојот е откриен во 30 држави, пред сè во Јужна Америка, но неколку случаи се регистрирани и во Европа – Шпанија, Велика Британија, Италија и Германија.
Засега СЗО таа варијанта ја прогласи за „варијанта која се испитува“, но според мислењето на научниците, ламбда ги исполнува сите услови да биде прогласена на „загрижувачка варијанта“.
Во таа варијанта спаѓа и делта сојот кој првпат беше идентификуван во Индија.
Засега не е веројатно дека ламбда може да стане како делта варијантата на коронавирусот кој моментално доминира во светот.