The Tulip е 305.3 метри висок облакодер со видиковец и ротирачки гондоли, кој е дизајниран од странската компанија Foster + Partners, а неговата изградба е планирана за Лондон.
Foster + Partners го поднеле својот дизајн за облакодерот, кој доколку биде изграден ќе биде најголемата градба во Лондон, на комисијата за градежна дозвола. Доколку сè помине според планираното, конструкцијата на облакодерот ќе започне во 2020 година, со датум за отварање планиран за 2025 година.
Посетителите на облакодерот ќе имаат можност да се искачат до видиковецот кој е дизајниран да нè потсетува на лале со тенко стебло.
Внатрешните стаклени тобогани и ротирачки капусли, гондоли се фиксирани на три страни на фасадата, со цел на посетителите да им биде овозможен сосема нов поглед на градот. Небесниот мост ќе ги спои опсервационите платформи, додека во склоп на Облакодерот Лале постои бар и ресторан со поглед од 360 степени.

Овој дизајн нè потсетува на хибридната ротациона капсула London Eye и панорамскиот ресторан кој некогаш се наоѓаше на врвот на BT облакодерот.


