Ново во „Бјути бар“ : Мадеро терапија – најефикасна во намалување на масните наслаги

3288

Мадеротерапија е посебен вид на антицелулитна масажа која се прави со специјално дизајнирано  дрвено сукало, конусни форми и ролери. Во основа, оваа антицелулитна техника подразбира стимулација и лимфна дренажа кои се прв чекор во борба против упорниот целулит на нозете и бедрата. Освен тоа, каде и да стимулираме лимфна дренажа, ефектот е добредојден. Бидејќи освен естетски ефект добиваме комплетна детоксикација и релаксација на целиот организам.

На кого се препорачува мадеротерапија?

Антицелулитната масажа со сукало, се препорачува на оние кои сакаат да се ослободат од целулитот на нозете и бедрата. За разлика од останатите антицелулитни масажи со оваа многу полесно и побрзо ќе постигнете резултати. Терапевтите кои имале можност да го прават овој тип на масажи се изјасниле дека ефектот е неспоредлив и дупло поголем во однос на останатите. За ефектите на целокупното здравје и да не зборуваме. Добрата лимфна дренажа, подеднакво добро делува и претставува детокс за целото тело, го урамнотежува и прави да функционира подобро имуниот систем.

Колку третмани се потребни, колку долго трае третманот, што опфаќа и која е динамиката на изведување?

Се препорачуваат најмалку две серии од по 10 третмани. Третманот трае 45 минути. Истиот се прави преку два или три дена. Со истиот се опфаќаат цели нозе, стомак и струк. Посебно се нагласени овие регии кога се прават вакви третмани. Добрите ефекти се темелат на добрата лимфна дренажа, а добра лимфна дренажа нема да има доколку не се третира цела долна половина од телото и стомакот.

 Дали масажата е болна?

Болна осетливост во текот на првите неколку третмани е можна, како и кај класичните антицелулитни масажи. Некои личности на третманот само уживаат, а некои чувствуваат непријатност додека се поминува на деловите зафатени со целулит.

Се препорачува за:
• Опуштање на телото и умот
• Стимулација на лимфниот систем
• Елиминација на токсините
• Забрзување на метаболизмот
• Рабивање на целулитот
• Согорување на мастите
• Тонус и затегање
• Намалување на обемот на телото
• Намалување на обемот на стомакот

Овој вид на терапија од неодамна можете да го најдете и во „Бјути бар“ .

„Бјути бар“  создадоа професионален тим од стручни лица со успешно завршени обуки за секој вид на ,,Мадеро терапија”.

Советува: Весна Трпчевска од „Бјути бар“