О.Џ. Симпсон се огласи за озборувањата дека тој ѝ е татко на Клои Кардашијан

1374

О.Џ. Симпсон, поранешниот кошаркар, на кој му се судеше за убиство на девојката Никол Браун Симпсон, успеал да собере дури 600.000 следачи на Твитер за само 48 часа.

Една од првите работи кои сакал да ги објасни е озборувањето дека тој ѝ е татко на Клои Кардашијан, а не неговиот некогашен адвокат Роберт Кардашијан, кој починал во 2003-та година.

„Сакам да нагласам дека никогаш – во ниту еден облик, на ниеден начин не сум бил романтично или сексуално заинтересиран за Крис и никогаш немав впечаток дека таа има некаков интерес кон мене“, рекол Симпсон.

Додал дека овие приказни се злобни и невкусни и дека е „многу горд на Клои и сите девојки, исто како што би бил Боб ако беше тука“.