Обичаи за вториот ден од Велигден, Светол понеделник: Не смеете да го заборавите ова правило!

686

Со велигденскиот понеделник започнува таканаречената Светла недела, која се смета за продолжение на Велигден

Велигденскиот понеделник, според византиските обичаи, е првиот ден од Светлата недела, а аналогно на календарот на западните христијани, тоа е вториот ден од седмицата по Велигден, со оглед на тоа што велигденската недела им е првиот ден.

Многу е раширен и називот „Бела недела“, за време на која не се пости ниту во среда ниту во петок. Оваа седмица се нарекува и Томина недела, наречена по апостолот Томи.

Велигден се слави три дена, па во календарот на македонската православна црква обележани се и денешниот Велигденски понеделник и утрешниот Велигденски вторник. Сите три дена, верниците традиционално се поздравуваат со „Христос воскресна“ – „навистина воскресна“ и на тој начин продолжуваат да ја пренесуваат среќната вест за Христовото воскресение, која на мироносниците на Христовиот гроб им ја јавил ангелот благовесник, Гаврил.

На Велигденски понеделник се продолжуваат гозбите и веселбите, се продолжува христијанската радост. Тоа е всушност единственото нешто што вистинските искрени верници никако не би смееле да заборават да го направат на овој ден. Значи, би требало да продолжат да се веселат и таа радост да ја споделат со најблиските. Според народното верување, оние што нема да го испочитуваат ова едноставно „правило“, им пркосат на Бог и на Христос и во животот нема да им оди како што треба. Ова е период кога се собираат и роднините од подалечните краишта.

Што се однесува до старите обичаи, на денешен ден момците што се за женидба во претпладневните часови со кочии ги посетуваат девојките по селата што се подготвени за мажење. Со себе обично носат и тамбураши или сами свират на некој инструмент, но задолжителен детаљ е сад со вода. Кога ќе стигнат кај девојките, ги полеваат со вода, што според народното верување, значи дека ги измиваат гревовите од нив и ги подготвуваат за свадба. Колку повеќе вода потрошат толку поголема е шансата дека токму таа девојка ја одбрале за идна сопруга. Поради овој обичај, велигденскиот понеделник уште се нарекува и воден понеделник.