Обичната маска штити 70 отсто од коронавирус, а дури 90 отсто ако го додадете овој слој ткаенина кој сигурно го имате дома

820

Заштитната маска за лице може да го намали ширењето на коронавирусот помеѓу луѓето, не дозволувајќи им на респираторните капки да допрат до нашите дишни органи.

Меѓутоа, доколку додадете едно парче ткаенина можете да постигнете уште подобра заштита, докажала една студија.

Истражувачите од американскиот универзитет “Northeastern” од Бостон утврдиле дека тенките најлонски чорапи можат да филтрираат поголем број аеросоли кои се наоѓаат во воздухот.

“Тие лесно се прилагодуваат на обликот на лицето, а со помош на еластинот се прицврстуваат за рабовите на маската која често знае да биде лабава”, вели Лорета Фернандез, доцент по градежно и еколошко инженерство на универзитетот и еден од авторите на студијата.

Во рамки на студијата, истражувачите одредиле кој е процентот на филтрирање на честичките кај десет различни маски, направени од меки ткаенини. Сите биле со различни дизајни, слоеви од филтри и без нив, а три модели биле комерцијални хируршки маски.

Тие користеле инструмент наречен “PortaCount” за да измерат колку добро маските ги филтрираат честичките во распон од 20 до 1000 нанометри. На пример, SARS-CoV-2 има пречник од околу 60 до 140 нанометри.

Во текот на тестирањето на хируршките маски, истражувачите утврдиле дека без дополнителен слој, маската блокирала 75 отсто од ситните честички. Меѓутоа, со додавањето на најлонските чорапи биле блокирани околу 90 отсто ситни честички.

“Доколку ставите дополнителен слој најлонски чорапи кои цврсто ја држат маската на лицето, ќе ја подобрите функцијата на било кој модел на заштитна маска. За ефикасноста на маската не е важно каков материјал се користи, туку колку добро маската е притисната за лицето. Воздухот не смее да продира околу маската”, вели Фернандез.

Што се однесува до шиените маски, кога се носат со најлонски чорапи нивната ефикасност се подобрува за 15 до 50 отсто, откриваат истражувачите. Ако се носат самостојно, овие маски блокираат 30 отсто помалку честички.

За да додадат заштитен слој, истражувачите исекле круг со висина од 20 до 25 центиметри од најлонските чорапи, а потоа го прицврстиле за заштитната маска.

За потсетување, неодамна научниците открија дека шиените маски направени од памук во комбинација со природна свила или шифон овозможуваат најдобра заштита од коронавирусот.