Обилните снежни врнежи предизвикаа застој на дел од патните правци во Пијанечко-малешевскиот регион. Во моментот како што информираат полициски службеници застој на сообраќајот е регистриран на регионалниот пат Пехчево – Делчево.
-Наши екипи евидентираа повеќе возила кои поради снегот се излизгале од коловозот на патниот правец Пехчево – Делчево, поради што се врши асистенција и поддршка за расчистување на сообраќајниот метеж, информираа од пехчевската полиција.
Апелираа на внимателно возење на споменатиот правец, особено на потегот од село Тработивиште до село Панчарево, каде е забележана појава на одрони.
Во текот на денешниот ден обилни снежни врнежи се забележани во неколку делчевски села, како и на територијата на општините Берово и Пехчево.