Вчера пламнаа страстите на навивачите откако видовме неспортска сцена на натпреварот Болоња Лече.
Синиша Михајловиќ имаше жесток дуел и вербална пресметка во финишот на првиот дел, кога српскиот тренер сакаше да го смири чилеанскиот играч, кој нападна еден од играчите на Лече, ризикувајки втор жолт картон.
Михајловиќ поради здравствената состојба не се појави на пресконференцијата по мечот, но тоа го одработи неговиот помошник Емилио Де Лео, обидувајки се да ја објасни ситуацијата.
„Михајловиќ обожава да влета во натпреварот со висок адреналин. Можеби сега влета против највжештенага глава на терен. Немаше некој посебен инцидент меѓу Медел и Михајловиќ, недоразбирање беше само во прашање“, порача Емилио де Лео.