По судирот на воените бродови на Турција и Грција, кој се случил минатата недела, се појавиле фотографии од тој инцидент.
Грчкиот сајт “Катимерини” објавил фотографии кои прикажуваат каква штета е направена на турскиот брод.
Имено, турскиот истражувачки конвој пловел во водите меѓу Кипар и Крит, а нивното пловење го следеле и надгледувале грчки воени бродови. Во еден момент во текот на маневрирањето еден грчки и еден турски воен брод се судриле.
Грчки одбранбени извори за Катимерини рекле дека обидот за опструкција го натерал грчкиот брод да заврти за да го избегне главниот судир и во текот на процесот удрил во задниот дел од турскиот брод.
Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Панајотопулос разговарал телефонски со својата германска колешка Анагрет Крамп-Каренбауер и јасно рекол дека Грција е подготвена да влезе во дијалог со Турција во рамките на меѓународното право, ако Турција веднаш ги повлече воените и истражувачките бродови од грчкото подрачје.
"A photo made public by @ekathimerini reveals the damage sustained to the right side of the stern of the 🇹🇷Kemal Reis frigate during the collision on Aug 12 when the 🇹🇷Oruc Reis survey vessel was moving between Cyprus and Crete, shadowed by 🇬🇷 frigates." https://t.co/NBTBPoTo8Q
— The Greek Analyst (@GreekAnalyst) August 19, 2020