Објавени фотографиите од готската венчавка на Серхио Рамос и убавата Пилар

777

Водителката Пилар Рубио на Инстаграм објави фотографии од венчавката со капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, која се одржа пред една недела во Севиља.

По долгогодишната љубовна врска и трите заеднички синови тие одлучија да ја официјализираат својата врска, а многумина венчавката ја прогласија за европска венчавка на годината.

Најголемо внимание привлекол црниот бидермаер кој го носела невестата.

На венчавката на 32-годишниот Серхио и девет години постарата Пилар свиреле Aerosmith и AC/DC, а црниот бидермаер не бил никакво изненадување.

Невестата носела тесен фустан со потпис на либанскиот дизајнер Зухаир Мурад.

На фотографиите им се придружиле и нивните синови, четиригодишниот Серхио, тригодишниот Марко и 11-месечниот Алехандро.