Демократите од Претставничкиот дом објавија нова видео снимка од насилствата на поддржувачите на Трамп за време на упадот во Капитол Хил, на која може да се види како ја бараат Ненси Пелоси и тогашниот потпретседател на државата, извикувајќи „Обесете го Мајк Пенс“.
На снимките може да се видат судирите на демонстрантите и полицијата на триесетина метри од просториите во кои Пенс се засолни со семејството. Видео материјалите се однесуваат за околу 1 часот на пладне, на 6-ти јануари кога првата група на поддржувачи на Трамп се појавија пред Капитол, а потоа и упаднаа во објектот.
Демократите сега методолошки се обидуваат да докажат дека нападот на Капитол не бил изолиран и спонтан инцидент, туку дека тврдењата на поранешниот претседател Доналд Трамп за измами на претседателските избори кои ги изнесуваше пред своите поддржувачи, поставиле темели за настаните на 6-ти јануари.
Сенатот во вторникот гласаше со 56-44 дека целиот процес е во склад со Уставот. На гласањето му претходеа четири часа изнесување на аргументи од двете страни.
House Democrats present footage from the U.S. Capitol on Jan. 6 during the Senate impeachment trial of former President Donald Trump. https://t.co/QhUmc0u6IG pic.twitter.com/KylDG2vtPH
— USA TODAY (@USATODAY) February 9, 2021
Демократските конгресмени тврдат дека Трамп мора да одговара за своите постапки, додека адвокатите на поранешниот претседател истакнаа дека судењето за отповикување откако на Трамп му истекол претседателскиот мандат е неуставно.