Облачно со услови за дожд попладне, температурата ќе достигне до 24 степени

663

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има извесно зголемување на облачноста со услови за краткотраен пороен дожд.

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 9, а максималната од 18 до до 24 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Во вторник времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а од среда со повремени врнежи од дожд, наместа проследени со ретки грмежи, особено во попладневните часови. Дневните температури ќе бидат без значителна промена, а утринските ќе бидат над нулата.