Обожуваниот актер проговори за најмрачните моменти: „Само пукнав, не можев пониско да паднам“

517

Мајкл Џеј Фокс ги открил своите моментални здравствени проблеми, 30 години откако му е дијагностицирана Паркинсонова болест.

Ѕвездата на филмот „Враќање во иднината“, открил дека е благодарен што поминал низ ‘најмрачните моменти’ во својот живот и тоа откако му е отстранет тумор на ‘рбетниот столб.

Зборувајќи за магазинот „People“ за своите борби, 59-годишникот објаснил дека неговиот најлош момент бил кога ја скршил раката по падот.

„Само пукнав. Бев потпрен на ѕидот во мојата кујна, чекајќи да дојде Брза помош и чувствував дека не можам пониско да паднам од ова“, рекол актерот, додавајќи дека се чувствувал како за него да не постои светло на крајот на тунелот, бидејќи истовремено имал Паркинсонова болест, изваден тумор, а потоа и скршена рака.

И покрај моментите во кои психички и физички не се чувствувал најдобро, инсистирал на тоа дека неговата благодарност сега е подлабога откако поминал низ тешки моменти.

„Мојот живот сега е мирен и всушност навистина добро се забавувам“, рекол Мајкл Џеј Фокс.

Додава дека луѓето не му веруваат кога вели дека го сака животот.

На актерот му е дијагностицирана Паркинсонова болест во 1991-ва, а јавно зборувал за тоа во 1998-ма година. Набрзо ја основал фондацијата „Michael J Fox for Parkinson’s Research“, собирајќи милиони долари за истражување на оваа болест.