По завршувањето на распитот на Бојан Јовановски и на Зоран Милевски-Кичеец кои добија по 30 дена притвор, обвинителката Вилма Русковска изјави дека ОЈО располага со аудио и видео снимки. Тие се осомничени дека од еден познат бизнисмен изнудувале милионски суми за да обезбедат влијание од обвинител со кој имаат пријателски врски и да обезбедат истрагите против него да престанат. Русковска, одговарајќи на новинари, доцна синоќа пред Кривичниот суд рече дека „немало обележани пари“ но дека имало обезбедени аудио и видео снимки.