Од 1 април почнува доставувањето на претпополнетите годишни даночни пријави

927

Управата за јавни приходи од почетокот на наредниот месец ќе почне да ги доставува на граѓаните претпополнетите годишни даночни пријави за остварени приходи во текот на 2018 година. Пријавата граѓаните ќе ја добијат електронски и ќе треба да ја потврдат или коригираат.

Ова е прва година во која граѓаните добиваат претпополнета годишна даночна пријава. До минатата година граѓаните за остварени приходи во претходната година ја доставуваа годишната даночна пријава до Управата за јавни приходи, а со реформата што беше спроведена во текот на минатата година, граѓаните електронски ќе ја добиваат годишната даночна пријава.

Годишните даночни пријави Управата за јавни приходи треба да ги достави најдоцна до 30 април, а граѓаните да ја коригираат или да ја потврдат имаат рок до 31 мај годинава.

Во електронскиот систем на Управата за јавни приходи се регистрирани близу 700 илјади даночни обврзници. Иако беше предвидено беше одложено регистрирањето во системот на пензионерите што остваруваат приход само по основ на пензија.