Од Аеродром до Мавровка за помалку од 5 минути

975

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов објави дека интензивно се работи на изградбата на новиот мост во рамки на проектот за пробивање на булевар АСНОМ со кој од Аеродором до Мавровка , како што вели тој, ќе се стигнува за 5 минути.

„Интензивно се работи на мостот на бул. АСНОМ. Од Аеродром до Мавровка за помалку од 5 минути. 6 коловозни, две велосипедски и две пешачки патеки. Нови коридори во нашиот град“, напиша Шилегов на Фејсбук.

Градот пред две години ја започна постапката за изградба на коридор за поврзување на Аеродром, Гази Баба и Центар.  Новиот проект освен нов мост преку Вардар во должина од 120 метри предвидува и пробивање на нов и реконструкција на стар булевар во вкупна должина од 2170 метри, 5 вкрстувања, 6 коловозни ленти, велосипедски патеки во двете насоки, пешачки патеки и дрвореди. Новиот коридор во градот задолжително ќе биде проследен и со нови автобуски линии на јавниот градски превоз.