Една 21-годишна девоја одлучила по пат на блог да ја раскаже својата приказна – поради што спиела со оженет маж?
Мажот (32) го запознала во едно кафуле. На него сè ѝ се допаѓало, неговото однесување, неговите зелени очи… Веднаш ѝ се допаднал и ѝ бил многу шармантен. Веќе во првиот разговор ѝ кажал дека е во брак, а и следниот пат кога се сретнале (повторно во кафуле) многу ѝ зборувал за неговата сопруга.
Наспроти тоа, сепак таа флертувала со него и наскоро си размениле телефонски броеви.
„Кога му го дадов својот мобилен телефон, знаев дека набрзо ќе имаме сексуален однос“ – напишала.
Прво договориле состанок, отишле во кино и се бакнале.
Неколку денови подоцна се случило: 21-годишната девојка знаела дека тоа е погрешно, но сепак спиела со него во неговиот автомобил.
„Тоа беше најдобриот сексуален однос во мојот живот“.
Почнале да се гледаат речиси секој ден, секогаш тајно, а наскоро се појавиле и емоции.
„Бев вљубена во маж кој морав да го кријам затоа што моите пријатели беа згрозени од тоа“.
Во еден момент таа му рекла: „Те сакам“, а тој ѝ возвратил на истиот начин, но тоа го одрекол неколку денови подоцна. Таа патела – била заљубена во маж кој никогаш нема да биде со неа. Се чувствувала лошо, знаејќи дека тој е покрај друга жена и дека таа ќе му остане доколку ја прекине аферата со неа, а таа ќе остане сама.
„Почнав да излегувам со други мажи. Му го премолчував тоа затоа што кажа дека ме сака само за себе“.
Тој почнал да ги избегнува нејзините повици и некогаш одвреме-навреме се појавувал кај неа. Тоа било премногу за неа: „Го прекинав тоа“.
Неколку години подоцна појасно гледала на работите. Тага, одбивање, лаги… Сето тоа било само лошо време за неа. Напишала: „Тоа не беше љубов, тоа што го имавме беше нешто од страст, празнина и тага. Дали тоа повторно би го направила? Во никој случај“.
Таа ги предупредила и сите други девојки: „Немојте да паѓате во такво искушение – навистина не е вредно“.